Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2016

Капитенот на Удинезе повреди тројца соиграчи на тренинг!

Во италијанската Серија А се случи незапаметен детаљ, капитенот на Удинезе повреди тројца соиграчи.

Данило, бразилскиот интернационалец и капитен на Удинезе, на еден тренинг успеа да повреди тројца соиграчи во три наврати.
Тој со неколку остри стартувања најнапред го повреди Али Аднан, потоа го натера лекарскиот тим да му помогне и на Венецуелецот Адалберто Пењаранда, а потоа невнимателно стартуваше и над Франческо Лоди.
Тренинг-натпреварот два пати беше прекинуван, Данило и Лоди во неколку наврати се расправаа, па Дел Нери мораше да го испрати Бразилецот на привремено туширање.
Од клубот издадоа соопштение во кое бараат извинување од својот капитен, а медиумите во Италија пишуваат дека Бразилецот би можело да остане и без лентата.
Данило веќе е познат по разни контроверзни ситуации, уште додека играше во Палмеирас во 2011 година беше обвинет за расистички испади, а призна и дека го навредил и го плукнал Маноел, дефанзивниот играч на Атлетико Парененесе.
Пред четири години имаше проблеми и во Удинезе, кога се степа со соиграчот Микеле Пациенца во тунелот кон соблекувалната.

Најнови вести