Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2015

Данило Барбоса во Валенсија

Екипата на Валенсија денес доби уште едно засилување, младиот бразилски играч за врска Данило Барбоса.

Данило наредната сезона ќе игра за Валенсија на заем од португалската Брага.
Тој оваа година со репрезентацијата на Бразил до 20 години ја освои вицешампионската титула на Светското првенство во Нов Зеланд и во изборот за најдобар играч на турнирот го освои второто место.
Минатата сезона, на 23 натпревари за Брага постигна два гола.
Младиот Бразилец е четврто засилување на „лилјаците“ ова лето, а и претходните три стигнаа од Португалија, поточно од Бенфика – Родриго, Андре Гомес и Жоао Кансело.

Најнови вести