Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2015

Страмачони си замина од Удинезе

Раководството на Удинезе одлучи да не ја продолжи соработката со тренерот Андреа Страмачони, стои во соопштението на интернет-страницата на клубот од Удине.

Триесет и деветгодишниот тренер во Удинезе дојде на почетокот на минатата сезона, но не ги исполни очекувањата и „црно-белите“ сезоната во Серија А ја завршија на разочарувачкото 16-то место.
Челниците на клубот не биле задоволни и одлучиле да не ја активираат опцијата во договорот за продолжување на соработката и во сезоната 2015/16.
Асистент на Страмачони на клупата на тимот од Удине му беше Дејан Станковиќ, некогашниот ас на Црвена ѕвезда, Лацио и на Интер, кој би можело да се приклучи во стручниот штаб на Роберто Манчини во клубот од Милано.
Тренерот на „нераѕурите“ има убаво мислење за Станковиќ, а спортскиот директор Хавиер Занети неодамна изјави дека Станковиќ многу би помогнал со неговото знаење и искуство.
Страмачони во кариерата работеше уште во Интер и во Болоња.

Најнови вести