Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2015

Муриел и Кода сепак ја засилија Сампдорија

Луис Муриел и Андреа Кода, неодамнешните фудбалери на Удинезе, ја засилија екипата на Сампдорија, пишува во соопштението на интернет-страницата на клубот од Џенова.

Сампдорија, која ја води српскиот тренер Синиша Михајловиќ, тандемот од Удинезе го доведе на заем со опција да им го откупи договорот на крајот на сезоната.
Доколку и двете страни бидат задоволни, Муриел налето ќе потпише договор до 2019 , а Кода до 2017 година.
Трансферот на Муриел и Кода првобитно требаше да биде реализиран уште минатата недела, но Сампдорија сакаше да ја спушти цената бидејќи колумбискиот напаѓач не ги помина лекарските прегледи.
Муриел оваа сезона на 11 натпревари во Серија А не успеа да се запише во листата на стрелците, додека Кода немаше ниту еден настап.

Најнови вести