Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2015

Парма нема пари ниту да организира натпревар

Проблемите во Парма од ден на ден се сè поголеми. Поради финансиската криза, можно е натпреварот во Серија А (во недела, во 15 часот) меѓу Парма и Удинезе да не се одигра.

Играчите немаат примено неколку плати, управата на Парма не платила данок, а според италијанските медиуми, пари нема ниту да се платат трошоците за ангажирање на полицијата и редарите за натпреварот.
Тие извори наведуваат дека на сметката на Парма моментно има само 40.000 евра, но дека постои можност Серија А финансиски да му помогне на клубот за да може до крајот на сезоната да ги одигра сите планирани натпревари.

Најнови вести