Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2015

Парма објави банкрот, оди во Серија Д

Фудбалскиот клуб Парма од наредната сезона ќе се натпреварува во аматерската лига откако објави банкрот.

Бејзбол легендата Мајк Пјаца вчера се повлекол од преговорите околу купувањето на клубот, еден ден откако тоа го направи Џузепе Корадо.
Парма последните седмици бараше инвеститор кој ќе има волја да го врати долгот од 22,6 милиони евра, а бидејќи тоа не се случи, клубот ќе биде исфрлен во Серија Д.
„Администраторите на фудбалскиот клуб Парма до 14 часот не добија ниту една понуда за преземање на клубот. Во наредните часови ќе биде изработено сè што е потребно за покренување на процесот за банкрот“, стои во вчерашното соопштение на клубот.
Тоа воедно значи дека Парма нема да може да се пријави за Серија Б во наредната сезона, откако испадна од елитата минатата сезона. Клубот поради тоа ќе мора да го продолжи натпреварувањето во Серија Д, највисокото аматерско натпреварување.
Парма во историјата два пати го освои Купот на УЕФА и еднаш Европскиот куп на победниците на куповите – 1993 година. Парма во март прогласи банкрот поради долгови повеќе од 200 милиони евра.

Најнови вести