Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2014

Парма доби нов претседател

Фудбалскиот клуб Парма објави дека докторот Петер Дока е именуван за нов претседател, како и дека клубот е продаден, но дека за сопствениците повеќе ќе се знае во петок.

Италијанската фудбалска федерација минатата седмица го казни „фенерџијата“ во Серија А со одземање еден бод и парично со 5.000 евра поради неплаќање данок, како и поради доцнење со исплатата на играчите и на персоналот.
Претседателот Томасо Џирардо и извршниот директор Пјетро Леонардо, исто така, се казнети со двомесечна суспензија и со по 5.000 евра.
И додека Парма потврди дека ќе се жали на казната, клубот објави дека е продаден поголемиот дел од акциите, но идентитетот на новите сопственици не е познат.
На Дока на новата функција први помошници ќе му бидат потпретседателот Фабио Џордано и менаџерот Леонардо, кој моментно е суспендиран. Тројцата ќе бидат претставени, заедно со новите сопственици, во петок.

Најнови вести