Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2015

Касано ја напушти Парма

Италијанскиот напаѓач Антонио Касано по раскинувањето на договорот ја напушти екипата на Парма.

Искусниот 32-годишен играч го напушти тимот од „Енио Тардини“ откако клубот падна на дното на табелата, со десет бодови помалку од првата екипа надвор од зоната за испаѓање.
„Парма денес постигна меѓусебен договор со Антонио Касано да ја прекине неговата соработка“, се наведува во соопштението на интернет-страницата на клубот.
Поранешниот играч на Милан, Интер и Рома беше заменет во второто полувреме во поразот од Чезена, а потоа беше снимен како покрај тренерот Роберто Донадони разговара со домашните навивачи.
Парма минатата сезона заврши на шестото место, но поради неплатени долгови, беше казнета од УЕФА и остана без европска лиценца.
Италијанските медиуми шпекулираат дека на фудбалерите на калчолигашот не им се исплатени заработките од последните неколку месеци и тоа е главната причина што искусниот напаѓач си заминал од клубот.

Најнови вести