Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2015

На Парма ѝ се одземени уште четири бодови

На италијанскиот клуб Парма ѝ се одземени уште четири бодови поради финансиски долгови, па веќе може да се каже дека веќе испаднала од Серија А.

На „млекарите“ претходно им беа одземени три бодови, па сега имаат само 12, дури 17 помалку од најблискиот тим до сигурната зона, на осум кола пред крајот на првенството.
Со тоа на Парма практично ѝ се поништени двете големи победи во последните три кола, над Удинезе и над лидерот Јувентус, коишто му дадоа на тимот од Емилија малку надеж за да може да се бори за опстанок до крајот на сезоната.
Сега Парма мора да победи во сите натпревари до крајот на Калчо лигата, а Фудбалскиот сојуз на Италија да не ѝ одземе нови бодови за да може да опстане во елитата.
Парма прогласи банкрот, но Фудбалскиот сојуз на Италија и понатаму го казнува клубот поради неисплатената заработка на играчите, од септември 2014 година.
Џампјетро Маненти, поранешниот претседател на клубот, и Пјетро Леонарди, директорот на Парма, се казнети со по шест месеци.

Најнови вести