Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2013

Удинезе остана без напаѓачот Муриел

Удинезе ќе игра без колумбискиот напаѓач Луис Муриел најмалку две седмици. Муриел го повреди бутниот мускул на левата нога во неделниот натпревар против Фиорентина.

Оваа сезона Муриел во 11 натпревари на Серија А постигна три гола и имаше една асистенција.
Против Фиорентина со повреди се здобија играчот за врска Џампјеро Пинци и одбранбениот играч Томас Ерто, но се верува дека двајцата ќе бидат спремни за неделната лигашка средба против Јувентус.
Во натпреварот против Фиорентина по закрепнувањето од повредата на задниот дел на бутниот мускул на левата нога во натпреварувачки ритам се врати Антонио ди Натале, капитенот на Удинезе.

Најнови вести