Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Џузепе Роси го засили нападот на Селта

Италијанскиот фудбалер Џузепе Роси ќе се врати во шпанската Примера лига откако договори трансфер во Селта, објави вчера клубот од Виго.

Роси во редовите на учесникот во Лигата на Европа, доколку успешно ги помине лекарските прегледи, доаѓа од италијанската Фиорентина.
Тој минатата полусезона ја помина на заем во Леванте, во кого на 17 натпревари постигна шест голови.
Во Шпанија со голем успех играше за Вилјареал (54 голови на 136 натпревари), но бројните повреди го спречија во целост да го искаже големиот талент.
Настапуваше уште за: Манчестер јунајтед, Парма, Њукасл, додека за репрезентацијата на Италија одигра 30 натпревари и постигна седум голови.

Најнови вести