Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2013

Бркиќ четири месеци надвор од теренот

Српскиот репрезентативец Жељко Бркиќ ќе биде надвор од теренот најмалку четири месеци бидејќи се повреди на тренинг во сала за вежбање во текот на подготовките на Удинезе.

Голманот на екипата од Удине при вежби со тегови ја повреди тетивата која го спојува рамото со градниот кош, а бидејќи за чуварот на мрежата тој дел е многу важен, веднаш е препорачана операција.
На Бркиќ денес ќе му биде извршен оперативен зафат во Милано, а потоа неговото закрепнување ќе трае од четири до пет месеци.
Поради тоа, Удинезе ќе мора да тргне во потрага по нов чувар на мрежата, бидејќи јасно е дека Бркиќ повторно на терен ќе се врати дури на крајот на годината.

Најнови вести