Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2016

Сако ќе го пропушти Африканскиот куп на нациите

Славен Билиќ, менаџерот на Вест хем, изјави дека напаѓачот Дијафра Сако ќе отсуствува од шест до осум седмици поради повреда на грбот.

Тоа значи дека ќе го пропушти претстојниот Куп на африканските нации, кој ќе се одржи од 14-ти јануари до петти февруари во Габон.
Билиќ изјави дека на Сако му е извршена операција на грбот.
„Дури се зборува и околу тоа дека на теренот ќе се врати во март, па сигурно нема да игра на Купот на африканските нации“, наведе Билиќ.
Сако оваа сезона одигра само два натпревари и постигна еден гол. Билиќ има многу проблеми со повредените напаѓачи, бидејќи долго ќе отсуствуваат Енди Керол и Андре Ају.

Најнови вести