Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Фирмино плати казна од 20.000 фунти бидејќи возел пијан

Роберто Фирмино, фудбалерот на Ливерпул, вчера беше казнет со 20.000 фунти откако ја призна вината дека возел под дејство на алкохол.

Како што пренесоа британските медиуми, 25-годишниот фудбалер бил приведен на Бадниковата вечер во центарот на Ливерпул, откако го сопрела полицијата.
Фирмино се извини поради инцидентот.
„Тоа што го направив беше погрешно и оставив лош пример. Им ветувам на сите во семејството на Ливерпул дека ќе извлечам поука и дека ваквата грешка нема да ја повторам во иднина“, изјави Фирмино во соопштението.
Фирмино таа вечер бил на вечера со семејството и пријателите, пред да го сопре полицијата поради тоа што кратко возел во погрешна насока, откако, како што наведе тој, погрешно свртел во една улица. Никој не е повреден.
Судијката изјави дека прифатила олеснување на околностите, но дека прекршокот сепак се случил, па го казнила со 20.000 фунти и едногодишно одземање на дозволата. Таа казна ќе биде намалена ако Фирмино посети курс за возење под дејство на алкохол.

Најнови вести