Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2017

Официјално: Тилеманс во Монако

Францускиот шампион Монако го доведе првото засилување за следната сезона, стигна 20-годишниот Белгиец Јури Тилеманс.

„Кнезовите“ на Андерлехт му платиле 23 милиони евра за играчот за врска кој ги игнорираше интересирањата на Манчестер јунајтед.
„Воодушевен сум што ќе бидам дел од овој тим следната сезона. Монако има многу амбициозен проект и репутација за развој на млади играчи. За клубот доста разговарав со Јаник Караско (крилниот играч на Атлетико кој играше за Монако) кога се видовме во репрезентацијата. Среќен сум што сум овде. Ќе дадам сè од себе за да ја оправдам довербата“, изјави Тилеманс.
Тилеманс е еден од најталентираните белгиски фудбалери, во првиот тим на Андерлехт дебитираше само на 16 години, а минатата сезона ја заврши со 13 голови.
Со Монако потпиша петгодишен договор, до летото 2022 година.

Најнови вести