Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2017

И Роналдо пред казна поради можно затајување данок

Шпанското обвинителство соопшти дека разгледува дали би требало против Кристијано Роналдо, играчот на Реал Мадрид, да покрене обвинение поради затајување данок.

Обвинителството ја разгледува оваа можност по обвинението на даночната агенција на таа земја, а Роналдо наводно го направил тоа во периодот од 2011 до 2015 година.
Најдобриот фудбалер на светот наводно во период од три години затаил данок во вредност од 15 милиони евра.
Обвинителството соопшти дека има рок до крајот на јуни да одлучи дали против Роналдо ќе биде покренато обвинение врз основа на доказите од истрагата на даночните службеници.
Она што им е сомнително на даночните службеници е дека Роналдо неговите пари ги чувал на Девствените Острови, познати како даночен рај. Кога почнале истражувачките работи против фудбалерите во Шпанија, Роналдо, наводно, одлучил да ги регулира неговите финансии во странство. Поради тоа истражувачите се поделени околу тоа дали против Португалецот би требало да биде покренато обвинение.
Случајот на Роналдо е многу различен од случајот со затајување данок на Лионел Меси, бидејќи и по почетокот на истрагата Меси се обидел да ги сокрие неговите финансии, додека Роналдо соработувал со властите.
Ако биде покрената постапка против Роналдо и ако биде прогласен за виновен, Португалецот ќе биде осуден на најмалку 15 месеци затвор, но мала е веројатноста дека ќе оди во затвор бидејќи тоа му е прв престап.

Најнови вести