Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2017

Ван Дајк сака во Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул е блиску до тоа да го ангажира Вирџил ван Дајк, играчот на Саутхемптон, пренесуваат британските медиуми.

Како што наведува Би-би-си, Ван Дајк изјавил дека сака да направи трансфер на „Енфилд роуд“ откако Јирген Клоп, тренерот на „црвените“, го означи како приоритет во летниот преоден рок.
Наводите на медиумите дека Ван Дајк е на чекор од „Енфилд роуд“ дополнително ги подгреаја големите обложувалници коишто ги блокираа уплатите на трансфер на Холанѓанецот во Ливерпул.
За Ван Дајк, наводно, биле заинтересирани и Челзи и Манчестер сити.
Ван Дајк во Саутхемптон стигна во 2015 година од Селтик за 13 милиони фунти, а Ливерпул сега за него е подготвен да издвои 50 милиони фунти.
Холандскиот дефанзивен играч ги пропушти последните пет месеци во сезоната поради повредата која ја заработи на натпреварот со Лестер.

Најнови вести