Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2017

Шекспир ќе ги води „лисиците“ до 2020 година

Лестер соопшти дека менаџерот Крејг Шекспир и наредните три сезони ќе биде на клупата на „лисиците“.

„Ова е возбудлива можност за мене да продолжам да работам со групата луѓе со кои изградив одличен однос. Им благодарам на сопствениците на клубот и на управниот одбор што покажаа дека веруваат во мене. Нашите подготовки за новата сезона веќе се во тек, а сега кога веќе завршивме со ова, можеме да се подготвуваме за она што нè чека“, изјави Шекспир.
Шекспир го замени Клаудио Раниери, кој во февруари доби отказ, иако само пред една година ја освои титулата и го водеше тимот до опстанок во Премиер лигата.
Лестер со Шекспир на клупата победи на осум од 16 натпревари.

Најнови вести