03.7.2017 Џеј Родригез прејде во Вест бромич
Досегашниот фудбалер на Саутхемптон Џеј Родригез потпиша договор со Вест бромич, пренесоа англиските медиуми.
Според извештаите, трансферот на дваесет и седумгодишниот англиски фудбалер вреди 12 милиони фунти.
За петте години минати на југот на Англија кои беа прекинати со бројни повреди одигра 126 натпревари и постигна 32 голови.
Најуспешен беше во сезоната 2013/14 кога постигна 15 голови во Премиер лигата и дебитираше за англиската репрезентација. Потоа ја пропушти следната сезона поради сериозна повреда на коленото, а во ноември 2015 година беше подложен на операција на скочниот зглоб.
Минатата сезона постигна шест голови на 34 натпревари.