Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2017

Монако го продаде шампионскиот состав: Една титула = 173 милиони евра

Францускиот шампион Монако имаше бурно трансфер-лето, седуммина играчи го напуштија клубот, а стигнаа четири засилувања.

Последен играч кој го напушти клубот од Кнежевството е Бенџамин Менди, кој направи трансфер во Манчестер сити за 57,5 милиони евра.
Вкупно, Монако од продажбата на играчите ова лето заработи неверојатни 173,5 милиони евра.
Пред Менди, Сити потпиша и со Бернардо Силва од Монако и го плати 50 милиони.
Темуе Бакајоко направи трансфер од Челзи за 45 милиони евра, а клубот заработи и од продажбата на: Валер Жерен во Марсеј (осум милиони), Абдулаје Дијало во Мајнц (пет милиони), Корентин Жан во Тулуз (4,5 милиони), како и Набил Дирар во Фенербахче (3,5 милиони).
Монако доведе четири засилувања и воопшто не штедеше, но сепак е во голем плус.
Јури Тилеманс стигна од Андерлехт за 25 милиони евра, Теренс Конголо дојде од Феенорд за 13 милиони, Суалиго Мајте од Цулте-Варегем за осум милиони и Жорди Мбула од Барселона за три милиони.
Тоа значи дека Монако ова лето е во плус 124,5 милиони евра.

Најнови вести