Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2018

Караско и Гајтан кариерата ќе ја продолжат во Кина

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид соопшти дека Јаник Фереира Караско и Николас Гајтан ќе направат трансфер во кинескиот Далјан Ифан.

Караско беше член на „јорганџиите“ од јануари 2015 година и оттогаш за клубот од Мадрид одигра 124 натпревари, додека Гајтан дојде во 2016 и за Атлетико настапи 49 пати.
Не се соопштени финансиските детали на трансферите.
Новата сезона во кинеската Суперлига ќе почне на втори март, а Далјан Ифан во првото коло гостува кај Шангај СИПГ.
Атлетико е втор во шпанската Примера лига со 58 бода, седум помалку од Барселона.

Најнови вести