Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2018

Порто без тројца важни играчи на реваншот на „Енфилд“

Порто утре, од 20.45 часот ќе гостува на „Енфилд“ кај екипата на Ливерпул, а покрај тоа што пред себе има речиси невозможна задача, да направи пресврт на победата на Ливерпул со 5-0 од првиот натпревар, работата ќе му биде отежната поради повредените играчи.

Тројца играчи кои во моментот се во одлична форма и му носат најмногу погодоци на Порто во португалската Примеира лига нема да допатуваат во Англија. Тикињо Соарес, Алекс Телјес и Муса Марега се повредени, а можно е за натпреварот да не биде подготвен ниту играчот за врска Данило.
Тикињо Соарес на последните четири натпревари во португалската лига даде седум погодоци и имаше две асистенции, додека учинокот на неговиот колега од нападот, Муса Марега, е четири гола и една асистенција во истиот период. Марега е единствениот од споменатите играчи кој играше во дербито против Спортинг на втори март, но тогаш се повреди пред крајот на натпреварот, кој Порто го доби со 2-1.
Повредениот Алекс Телјес игра на позицијата лев бек и има одличен учинок на последните неколку дуели.
Тренерот Сержо Консеисао како замена за овие играчи повика двајца фудбалери од тимот Б на Порто. Португалската екипа е непоразена дури во 34 натпревари од домашното првенство и има пет поени повеќе од второпласирната Бенфика. Можеби поради тоа тренерот Консеисао, кого го сакаат некои италијански клубови, не сака да ризикува со играчите кои се повредени и чие закрепнување е неопходно за продолжението на сезоната и враќање на титулата во Порто.

Најнови вести