Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2018

Хендерсон: Никогаш не одиме по полесниот пат

Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, е задоволен од начинот на којшто неговиот тим одигра во Рим синоќа.

„Црвените“ беа поразени од Рома со 4-2, но во ниту еден момент не им беше загрозена предноста од 5-2 од првиот натпревар.
„Никогаш не одиме по полесниот пат. Неверојатна борба. Во првото полувреме бевме одлични и постигнувавме голови. Знаевме дека е многу важно да се постигне гол рано. Немавме среќа кај првиот што го примивме. Можевме да бидеме подобри, но генерално гледано, добро ја контролиравме ситуацијата, освен во последните десет минути. Мораме да го спречиме тоа, но воодушевен сум што сме во финалето“, изјави Хендерсон.
Искусниот играч за врска Џејмс Милнер изјави дека е импресиониран од сезоната во Лигата на шампионите.
„Не знам што да мислам за ова. Знаеме дека мораме да бидеме подобри, да ја контролираме играта и слично. Првиот гол беше смешен, но сè на сè мислам дека игравме добро. Синоќа задачата беше да ја завршиме работата. Се пласиравме во финалето и тоа победувајќи некои одлични тимови“ изјави Милнер.
Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите ќе игра со Реал Мадрид, на 26-ти мај во Киев.

Најнови вести