Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2012

Тарабт во составот на Квинс парк за мечот со Ливерпул

Адел Тарабт, офанзивниот играч за врска на Квинс парк ренџерс, закрепна од повредата и се наоѓа во стартниот тим за натпреварот против Ливерпул, во склоп од 29-тото коло од Премиер лигата, кој на програмата е утре.

Репрезентативецот на Мароко го пропушти натпреварот од минатото коло со Болтон, кога неговиот тим загуби со 2-1, поради истегнување на мускулот на ногата, но добрите вести од медицинскиот тим на клубот бргу стигнаа до тренерот Марк Хјуз, кој веќе смета на негово присуство уште од првата минута на „Лофтус роуд“.
Најдобриот стрелец Хејдар Хелгусон, како и неговиот соиграч од нападот ДЏ Кемпбел, успешно закрепнуваат од повредите и се очекува нивно враќање на почетокот на април.

Најнови вести