Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2012

Њукасл два натпревари без Колочини

Фабрицио Колочини нема да може да му помогне на својот Њукасл за следните два првенствени натпревари против Ливерпул и Свонси.

Медицинските испитувања покажаа дека тој има мало истегнување на бутниот мускул, со кое се здоби на неделниот натпревар против Вест Бромич, кој неговиот тим го доби со резултат 3-1.
Тоа значи дека Колочини нема да биде во тимот на наредните два меча, а се очекува Џејмс Перч да го заземе неговото место како централен дефанзивен играч заедно со Мајк Вилијамсон.
Менаџерот Алан Пердју очекува капитенот да биде во првите единаесетмина за натпреварот со Болтон за велигденското коло.
Триесетгодишниот Аргентинец се надеваше дека ќе го пропушти само дербито со Ливерпул, но медицинскиот извештај покажа дека поради истегнувањето тој ќе мора да мирува неколку дена, па Пердју нема да ризикува со овој играч, со оглед на неговата важност во преостанатите натпревари од Премиер лигата.

Најнови вести