Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2012

Челзи го договори Хулк за 38 милиони фунти

Според информациите кои стигаат од Англија, Челзи, наводно, се договорил на Порто да му исплати сума од 38 милиони фунти за услугите на бразилскиот напаѓач Хулк.

Откако во своите редови го доведе белгискиот играч за врска Еден Азар, кој во Лондон доаѓа од францускиот Лил за триесет и две милиони фунти, Роман Абрамович, сопственикот на европскиот шампион, и понатаму е „агресивен“ на пазарот. Па така, според англиските медиуми, договорен е трансфер на Хулк, крилниот напаѓач на португалскиот шампион, кој богатиот Русин ќе го чини триесет и осум милиони фунти, а останува да се договори уште само висината на примањата, што е полесната задача за управата на „сините“.
Иако од Порто беа убедливи дека нема да го продадат за сума помала од 40 милиони фунти, сепак желбата на Хулк да замине во поголем клуб била пресудна. Дваесет и петгодишниот напаѓач на деведесет и еден натпревар за Порто постигна педесет и седум голови.

Најнови вести