Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2011

Шпанскиот фудбал пред банкрот

Шпанскиот фудбал е пред банкрот бидејќи вкупниот долг на клубовите изнесува околу четири милијарди евра, а во долгови се повеќе од 300 играчи кои играат во првата и втората лига, тврдат шпанските медиуми.

Финансиската криза не го погоди само фудбалот, во кој дваесет и еден клуб се под стечај, туку и останатите шпански спортови.

„Ситуацијата е толку сериозна што генерален штрајк на фудбалерите е веќе реалност“, се наведува во шпанските весници кои додаваат дека голем број второлигашки екипи ќе мора да се преселат во понизок ранг на натпреварување бидејќи не се во состојба да ги исплатат огромните долгови.

Под ударот на финансиската криза е и кошарката во Шпанија, односно клубови како што се: Естудијантес, Хувентуд, Менорка, Валјадолид и Гранада, а додека, пак, Аликанте е пред згаснување.

Исто така, и велосипедизмот е во огромни проблеми, без разлика што секојдневно се намалува натпреварувачкиот календар, а во одбојката се регистрирани само пет екипи.

Најнови вести