Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2012

Зенит без Хулк и до две седмици

Рускиот фудбалски клуб Зенит од Санкт Петербург ќе биде ослабен со неиграње на Бразилецот Хулк во средбата од четвртото коло на Лигата на шампионите против Андерлехт во Брисел.

Зенит во натпреварот од 14-тото коло на руската Премиер лига славеше во Санкт Петербург против Ростов со 2-1, со погодокот на Роман Широков во продолжението на средбата.
Хулк играта мораше да ја напушти во 41-та минута од првото полувреме поради болки во задниот дел на бутниот мускул, а со деталните прегледи се установи дека Бразилецот и до две седмици ќе отсуствува од теренот.
Натпреварот меѓу Андерлехт и Зенит на распоредот е утре со почеток во 20.45 часот.

Најнови вести