Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Дрес во вид на тепих

Рускиот прволигаш Ростов веројатно има еден од најгрдите дресови во историјата

Рускиот тим Ростов реши да направи неверојатен дизајн на своите нови дресови. Тие го промовираа дресот кој е во вид на тепих. Ова е првпат во фудбалот да се појави ваков вид дрес, а според многумина, се работи за еден од најгрдите дресови во историјата. 
Првичната идеја за креирање на ваков вид дрес е од навивачите на Ростов. На мечот против Јенисеј одигран во неделата, навивачите наместо транспаренти и знамиња, на трибината развиорија тепих. Многумина беа збунети од тоа што бара тепих на трибините, а тоа го забележаа и челниците на клубот. 
Тепихот му донесе среќа на Ростов. Домаќините убедливо со 4-0 го добија тој меч и се искачија на четвртото место на табелата во руското првенство. Во чест на тој тепих, веднаш беше креирана четврта опција на дресови на Ростов за оваа сезона, и тоа во вид на тепих. 
Фактот дека се работи за еден сосема нов и досега непознат дизајн на дресови, предизвика еуфорија кај навивачите. Многу е веројатно дека и на следните мечеви на Ростов како домаќин на трибините повторно ќе биде закачен тепихот во знак на поддршка.

 

Најнови вести