Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2012

Хулк: Ги решив проблемите со Зенит

Само неколку дена откако јавно го искажа своето незадоволство со статусот во Зенит и навести можен трансфер во јануари, бразилскиот репрезентативец Хулк сепак ја смири топката.

„Ако ситуацијата со Лучијано Спалети не се реши, би можел да си одам во јануари“, изјави Хулк по победата од 1-0 на Милан во Лигата на шампионите во вторникот.
Хулк даде ваква изјава изнервиран од тоа што тренерот на Зенит редовно го вади од игра при крајот на натпреварите, но во меѓувреме имало разговор меѓу Хулк и челниците на клубот, но и со Спалети.
„Сè е решено. Разговарав со тренерот и со управата и отворени сме едни со други. Никогаш не сум бил заменет три пати по ред, но сега сè е појасно. Фокусиран сум на целта – освојување на руското првенство со Зенит“, изјави Хулк.
Бразилецот во Зенит дојде летово од Порто за отштета од 40 милиони евра, но не се наметна во редовите на рускиот шампион и постигна само четири гола во сите натпреварувања.

Најнови вести