Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2012

Првиот стрелец на англиската Премиер лига го повреди глуждот

Фудбалерите на Свонси во 19-тото коло на англиската Премиер лига, на стадионот „Мадејски“ кај Ридинг, одиграа натпревар без погодок.

Но пред крајот на средбата се повреди најдобриот играч и стрелец на Свонси, Шпанецот Мичу, кој е на врвот на табелата на стрелци на лигата со 13 погодоци, заедно со Холанѓанецот Робин ван Перси.
Во прашање е повреда на глуждот, а сè уште не е познато на колку време клубот го изгуби својот круцијален фудбалер.
„Ќе видиме што ќе кажат деталните прегледи што ќе ги направи Мичу денес. Во прашање е повреда на глуждот и сигурно не е многу сериозно, но можно е да го прескокне натпреварот во текот на викендот“, рече Михаел Лаудруп, тренерот на Свонси.
Свонси моментно е деветти на табелата, а на идниот натпревар гостува кај Фулам.

Најнови вести