Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2013

Чави ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Уругвај

Чави Ернандес, репрезентативецот на Шпанија, се повлече од националниот тим за пријателскиот натпревар со Уругвај поради повреда на тетивата.

Чави по синоќешниот првенствен натпревар против Валенсија (1-1) го прегледаа лекарите и утврдија дека 33-годишниот фудбалер на Барселона има проблеми со повреда на тетивата.
Чави во натпреварот против Уругвај, во среда во Доха, ќе го забележеше 120-от настап за националниот тим.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија не соопшти дали селекторот Висенте дел Боске ќе повика замена за Чави.
Во екипата на европскиот и светски шампион Шпанија поради повреда на препоните нема да биде ниту играчот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Тој се повреди во саботата, на натпреварот против Гранада, кој Реал го изгуби со 0-1.
Него во тимот на Шпанија го замени фудбалерот на Атлетико Мадрид, Марио Суарес.
Дел Боске за пријателската средба со Уругвај не ги повика ниту Фернандо Торес ниту Мичу, туку се определи за Иско Аларкон.
„Ги препознавме работата и головите на Мичу досега, но за него не најдовме место во тимот. Голема е конкуренцијата за таа позиција“, рече Дел Боске.

Најнови вести