Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2013

Ридинг го отпушти досегашниот тренер Брајан Мекдермот

Фудбалерите на Ридинг речиси сигурно ги очекува неизвесна борба за прволигашкиот живот до крајот на сезоната. Моментно Ридинг се наоѓа на претпоследното место на табелата на англиската Премиер лига.

Ридинг има 23 бодови, исто колку и последниот Квинс парк ренџерс, а за останување во лигата во овој момент му се потребни четири бодови.
Поради серијата лоши резултати и барање позитивен шок, челниците на клубот одлучија да направат промена на тренерската клупа, па му дадоа отказ на 51-годишниот Брајан Мекдермот, човекот кој во клубот е од декември 2009 година.
Мекдермот успеа да го воведе Ридинг во Премиер лигата, по втор пат во неговата историја, но ниту тоа не беше доволно челниците на клубот и понатаму да му веруваат на тој тренер. Сè уште не е познато името на неговиот наследник.

Најнови вести