Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2014

Хозе Соса на заем во Атлетико Мадрид

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид потврди дека на шестмесечен заем го доведе аргентинскиот офанзивен играч за врска Хозе Ернесто Соса од Металист Харков.

Претходно во кариерата 28-годишниот фудбалер беше член на Баерн Минхен и Наполи, а од летото 2011 година е во Металист. Во Атлетико дојде поради желбата со игрите во една од најсилните европски лиги да го увери аргентинскиот селектор Алехандро Сабела за да го поведе на Светското првенство во Бразил.
Соса оваа сезона не играше во Лигата на шампионите, така што има право да настапи во нокаут-фазата на најелитното европско клупско натпреварување. Атлетико во осминафиналето ќе игра против Милан.
За аргентинската репрезентација Соса настапи на 19 натпревари, од кои седум во неодамнешните квалификации за Светското првенство во Бразил.

Најнови вести