Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2014

Луис Гарсија ја заврши кариерата

Луис Гарсија, поранешниот репрезентативец на Шпанија и фудбалер на Ливерпул и Барселона, соопшти дека ја заврши професионалната играчка кариера.

„Одиграв многу сезони, одлично ми беше и ги исполнив детските соништа. Денес се повлекувам од професионалниот фудбал, им благодарам на сите клубови за коишто играв“, изјави Гарсија во соопштението на својата интернет-страница.
Гарсија кариерата ја почна во Барселона, но најголем успех доживеа во Ливерпул 2005 година, кога ја освои Лигата на шампионите.
Тој го носеше дресот и на: Атлетико Мадрид, Валјадолид, Тенерифе, Сантандер, Панатинаикос, Пуебла и Пумас.
Гарсија за селекцијата на Шпанија одигра 20 натпревари и постигна четири голови.

Најнови вести