Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2014

Атлетико го ангажира голманот Мигел Моја

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид соопшти дека го ангажирал Мигел Моја, досегашниот голман на Хетафе, за период од три години.

Доаѓањето на Моја во клубот од Мадрид би можело да значи заминување на Тибо Куртуа, кој брани за Атлетико во последните три сезони на заем од Челзи.
На 30-годишниот Моја во март му беше извршена операција поради повреда на десното колено.
Моја десет сезони помина во шпанската Примера лига, бранејќи за Мајорка и Валенсија, пред да направи трансфер во Хетафе пред три години.

Најнови вести