Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2014

Лига куп: Триесет пенали и пласман на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртото коло на Лига купот, откако по 120 минути игра и 30 пенали успеаја да го елиминираат Мидлсборо – 2-2 (1-0), пенали: 14-13.

Брендан Роџерс очекувано испрати комбиниран состав на теренот против екипата од Шампионат лигата, а сè одеше според планот за „црвените“ кога Роситер погоди за водство.
Гостите успеаја да издржат и да изедначат преку Рич во 63-тата минута, па мораше да се игра продолженија. Нова предност на „црвените“ им донесе Сусо во 109-тата минута, а натпреварот на пенали го испрати Бамфорд со пеналот во 123-тата минута.
Домаќините не закрепнаа од шокот, а веќе се пристапи кон изведување на пеналите. Сигурен на отворањето беше Марио Балотели, а потоа Бамфорд не успеа да го повтори учинокот од последните моменти на средбата. Потоа следуваа неколку сигурни изведувачи од двете страни, а Стерлинг не погоди за победа, поточно Блекман беше поуспешен.
Се продолжи со сигурни реализации од двете страни, а по погодокот на двајцата голмани, следуваше втор круг. Повторно Балотели беше прецизен, потоа, овој пат, и Бамфорд,но Адомах во 15-тата серија шутираше крај голо по што заврши драмата на „Енфилд“.
Во истиот термин беа одиграни уште неколку натпревари, а најинтересно беше на „Емирати“ во Лондон каде Саутхемптон го елиминираше Арсенал.

Најнови вести