Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2014

Одбиени жалбите на Србија и на Албанија

Комисијата за жалби на Европската фудбалска унија ги одби жалбите на Фудбалските сојузи на Србија и на Албанија за казните по натпреварот во Белград.

Со тоа Србија остана без три бодови, ќе мора да плати 100.000 евра и два натпревари ќе игра без присуство на публика, откако не беше прифатена жалбата на Фудбалскиот сојуз на Србија за одземените бодови.
Комисијата за жалби вчера ја одби жалбата и на Фудбалскиот сојуз на Албанија, така што се смета дека во Белград изгубила со 3-0.
Натпреварот меѓу Србија и Албанија беше прекинат по нередите коишто ескалираа откако над стадионот на Партизан се појавија беспилотни летала носејќи знаме на „голема Албанија“.
Потоа публиката упадна на теренот, а играчите се повлекоа во соблекувалните. Репрезентацијата на Албанија потоа одби да излезе на теренот и да го продолжи натпреварот, поради што тој беше регистриран со официјална победа за Србија.
Двата Сојузи имаат право на жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Најнови вести