Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2015

Стерлинг: Кутињо е волшебник

Рахим Стерлинг, напаѓачот на Ливерпул, изјави дека е воодушевен од голот на Филипе Кутињо за победата во Болтон и пласманот во осминафиналето на ФА купот.

Бразилецот во продолжението на натпреварот со одличниот погодок направи пресврт за 2-1 на„црвените“ на стадионот „Рибок“.
„Губевме со 1-0 и три пати ја погодивме стативата на голот. Филипе Кутињо има магија во главата која може да реши натпревар, а тоа го видовме сега. Тој е волшебник. Ова беше голема тимска работа за победа“, изјави по средбата стрелецот на изедначувачкиот гол.
И Брендан Роџерс, менаџерот на екипата на Ливерпул, даде коментар за погодените стативи и одличните голови.
„Нил Ленон направи одлична работа со Болтон. Примениот гол нè врати чекор назад, мора 5-6 пати да ја погодивме стативата на голот, но на крајот пресуди квалитетот. Мораш да бидеш трпелив, посебно против тим со десетмина играчи. Џан испрати одличен пас за првиот гол, Стерлинг имаше одлична реализација, а голот на Кутињо беше преубав“, изјави Роџерс.
Ливерпул има тежок распоред во февруари, по ред се дуелите со: Евертон, Тотенхем, Кристал палас, Бешикташ, Саутхемптон, па повторно со Бешикташ во Лигата на Европа.

Најнови вести