Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2015

Атлетико официјално 20 отсто кинески

Кинескиот конгломерат „Далијан Ванда група“ официјално стана сопственик на 20 отсто од акциите на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид.

Работата која беше најавена во јануари се реализира вчера, кога клубот од Мадрид ја официјализира продажбата на акциите за 45 милиони евра.
„Многу е важно клубот да направи голем чекор кон изградбата на глобален бренд, кој ќе ни помогне да останеме конкурентни на теренот и да се зацврстиме меѓу најголемите клубови на светот“, изјави Михел Анхел Хил Марин, директорот на Атлетико.
„Далијан Ванда“ е најголема кинеска приватна компанија која опфаќа многу гранки на индустријата, од луксузни хотели (најголем светски сопственик на хотели со пет ѕвездички), па културата и туризмот, а е сопственик и на најголемиот американски синџир на кина.
„’Ванда група’ е воодушевена што има шанса да придонесе за растот на Атлетико Мадрид и развојот на неговиот бренд во Азија, да профитира од неговото огромно искуство во полето на тренингот, што ќе овозможи развој на фудбалот во Кина“, изјави Џанлин Ванг, основачот и прв човек на оваа компанија.
Ванг од својата компанија сака да создаде глобално препознатлив бренд како „ИБМ“ или „Гугл“, а вредноста на „Далијан група“ се проценува на околу 86 милијарди долари.
Нема сомнение дека Атлетико со помош на „Далијан група“ ќе добие ресурси рамноправно да им конкурира на најголемите ривали Реал Мадрид и Барселона.

Најнови вести