Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2015

Диего Алвес ги скина лигаментите на коленото, ќе паузира шест месеци

Диего Алвес, голманот на Валенсија, ќе отсуствува од теренот најмалку шест месеци поради повреда на коленото, соопшти денес шпанскиот клуб.

Алвес се повреди во саботниот натпревар против Алмерија (3-2) во последното коло на Примера лигата, кога ги скина внатрешните лигаменти на коленото.
На бразилскиот голман ќе мора да му биде извршена операција, поради што ќе ја пропушти Копа Америка во Чиле.
Алвес е член на Валеснија од 2011 година, а одигра 127 натпревари во сите натпреварувања.
Претходно бранеше во Алмерија и во Атлетико Минеиро, додека за репрезентацијата на Бразил настапи осум пати.

Најнови вести