Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2015

Флорес нов менаџер на Ватфорд

Шпанскиот фудбалски тренер Кике Санчес Флорес е нов менаџер на Ватфорд, потврди новиот англиски премиерлигаш.

Флорес потпишал двегодишен договор со Ватфорд и на клупата ќе го наследи Славиша Јокановиќ кој претходно не постигна договор со клубот за продолжување на соработката по промоцијата во Премиер лигата.
Шпанецот беше без ангажман од февруари кога замина од Хетафе, а во текот на кариерата ги водеше Валенсија, Ателтико Мадрид, Ал Ахли и Ал Аин.
Најголемиот успех го направи со Атлетико Мадрид во 2010 година кога ја освои Лигата на Европа и Суперкупот на Европа.

Најнови вести