Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2015

Кикс на Марсеј, оставка на Бјелса

Првото коло од француската Лига 1 донесе неколку неочекувани резултати, а во фокусот е поразот на Марсеј по кој Марсело Бјелса поднесе оставка.

Каен ги однесе трите бода од „Велодром“ со минимална победа со голот на Делор во 27-та минута од натпреварот.
„Нема изговор за пораз. Имавме десетина шанси да постигнеме гол. Со толку шанси мораш да победиш. Го напуштам местото тренер на Марсеј. Мојата работа овде е завршена. Се враќам во татковината, нема повеќе овде да работам“, изјави Бјелса кој имал договорено продолжување на соработката со Марсеј.
Бјелса дојде на клупата на Марсеј минатата сезона и со клубот го освои четвртото место во Лига 1, а претходно беше тренер на Њуелс Олд бојс, Атлас, Америка, Велес Сарсфилд, Еспањол и Атлетико Билбао, а како селектор ги предводеше родната Аргентина и Чиле.
„Управата направи сè да му понуди најдобри услови на тренерот, но не може да биде роб на барањата на некој кој ги става личните интереси пред интересите на клубот. Олимпик поседува единствени вредности и доволно долга историја да може да ги одбие барањата на еден поединец. Клубот ќе направи сè да ја одржи сезоната во рамките на своите способности“, се вели во соопштението на клубот.
Помошникот на Бјелса, Франк Паси, ја презема должноста тренер.

Најнови вести