Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2015

Чех рекордер во Премиер лигата

Голманот на Арсенал, Петр Чех, стана рекордер во Премиер лигата со 169 натпревари на кои нема примено гол, од 349 одиграни.

Неговата екипа ја победи Астон вила, а мрежата на „топчиите“ остана недопрена бидејќи резултатот на „Вила парк“ беше 2-0.
Претходниот рекорд со 168 натпревари без примен гол го држеше Дејвид Џејмс, кој бранеше на вкупно 572 натпревари, а по него следуваат Марк Шварцер со 151 и Дејвид Симан со 140.
Чех минатото лето дојде во Арсенал од Челзи за кој настапуваше од 2004 година.

Најнови вести