Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2016

Клоп испрати експедиција по Тејшејра

Иако од почетокот на овој преоден рок се зборуваше дека Челзи е заинтересиран од Шахтар да го доведе Алекс Тејшејра, како стојат сега работите Ливерпул води во трката за неговиот потпис.

Наводно, делегацијата на Ливерпул на чело со Иан Ајр отпатувала во Орландо каде клубот од Доњецк игра во Флорида куп како би можеле да ги остварат преговорите. Медиумите од островот пренесоа дека е подготвена понудата од 25 милиони фунти за бразилскиот играч, а исто така и дека Јирген Клоп дал зелено светло за доведување на овој фудбалер кој би требало да го засили нападот на „црвените“.
Тејшејра пристигна во Донецк во 2010 година, а Шахтар за него плати 5 милиони фунти на Васко де Гама. Веќе седма сезона тој една од главните ѕвезди на украинскиот фудбал заедно со Јермоленко од Динамо Киев.
Во сезоната 2014/15 постигна 22 гола во лигата на 15 настапи, а вкупно на 223 натпревари постигна 89 голови. На Ливерпул ваков играч би му одговарал бидејќи може да покрие повеќе позиции во тимот, а она што на Клоп посебно му е потребно е неговата способност за снаоѓање во шеснаесетникот и доброто чувство за гол.

Најнови вести