Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

МЗТ ги собра странците и започнува со подготовките

Првиот меч „штрковите“ ќе го играат на 27-ми септември

Шесткратниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром денеска ги започнува подготовките во пресрет на новата сезона. Во составот на „штрковите“ се приклучија и четворицата странци, па тренерот Ѓорѓи Кочов ќе може да започне со работа со тимот. 
Американците Лестер Медфорд и Џејмс Вудард пристигнаа синоќа, а претходно дојдоа и Хрватот Иве Иванов и Србинот Андрија Бојиќ, кој е единствениот странец што остана од минатата сезона. Заедно со домашните играчи кои од претходно му беа на располагање на Кочов, тимот до недела ќе тренира во „Јане Сандански“, а потоа подготовките ќе продолжат во Маврово. 
Според планот, МЗТ Скопје Аеродром треба да одигра барем шест пријателски меча. По две средби треба да се одиграат против Гостивар и бугарскиот Левски Лукоил. 
Сезоната за МЗТ Скопје Аеродром ќе стартува на 27-ми септември, на домашен терен против Хелиос од Словенија, во рамките на првото коло од АБА 2 лигата. 

 

Најнови вести