Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2018

Нов формат на АБА-лигата, МЗТ нема да испадне?

Крешимир Новосел, директорот на АБА-лигата, ја најави можноста дека натпреварувањето може да претрпи бројни промени и од наредната сезона да се зголеми бројот на клубовите.

Собранието на АБА-лигата ќе биде одржано во текот на февруари и ќе се дискутира за голем број прашања.
„Има можност натпреварувањето од следната сезона повторно да брои 14 клуба. Ќе разговараме за сите предности и мани и на едниот и на другиот систем. Ќе ја донесеме најдобрата можна одлука за иднината на регионалната кошарка“, изјави Новосел во гостинската емисија „Зона Цедевита“.
На потенцијалното враќање на 14–те клуба најмногу би се израдувал МЗТ Скопје, кој во спротивно оваа сезона би испаднал од Лигата како последнопласиран.
„Неофицијално се водат разговори на една сезона да се замрзне статутот на овие 12 клуба. Секако, тоа сè уште не е официјално, но ќе видиме“, додаде Новосел.

Најнови вести