Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2016

Вилаш-Боаш: Очекуваме „бесна“ Бенфика

Тренерот на Зенит Андре Вилаш-Боаш изјави дека ја очекува „бесната“ Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Бенфика по поразот од Порто ја прекина серијата победи, а тренерот на Зенит смета дека играчите од португалската екипа сакаат што побрзо да се искупат.
„Очекувам Бенфика да биде бесна по поразот од Порто. Во последните неколку месеци направија потполна трансформација. Играат добро, победуваат и постигнуваат многу голови. Оваа Бенфика игра по крилото со многу нафрлени топки. Одбраната им стои многу високо, многу ризикуваат со офсајд замките и делуваат одлично“, изјави Вилаш-Боаш.
Бенфика и Зенит играат вечерва во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. 

Најнови вести