Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2016

Лукас на местото на Рафиња во Бразил

Лукас Мура од ПСЖ ќе го замени Рафиња од Барселона во репрезентацијата на Бразил за Копа Америка.

Ова е веќе втората принудна промена која мораше да ја изврши Карлос Дунга откако Кака беше повикан на местото на повредениот Даглас Коста.
Рафиња го повреди бутниот мускул во финалето од Кралскиот куп, а во текот на сезоната имаше тешка повреда на коленото. Бразил промени еден голман, откако на местото на голманот на Бенфика, Едерсон, го повика Марсело Грохе од Гремио.
Бразил првиот натпревар ќе го игра против Еквадор во сабота.

Најнови вести