Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2016

Шест играчи му откажаа на Дунга

Играчот за врска на Волфсбург Луис Густаво е уште еден во низата на бразилски фудбалери кои нема да настапат за репрезентацијата на Бразил на Копа Америка.

Јубилејното натпреварување се одржува во САД, а репрезентацијата на Бразил ќе биде значително ослабена.
Луис Густаво за разлика од своите сонародници не се повреди, туку ја напушти репрезентацијата поради приватни проблеми.
Него во тимот ќе го замени 21-годишниот играч за врска на Гремио, Валас.
Низата повреди на репрезентативците на Бразил започна со повредата на крилниот фудбалер на Баерн, Даглас Коста, а потоа се повреди фудбалерот на Барселона, Рафиња, па Едерсон од Бенфика.
Ниту во нападот Дунга немаше среќа, се повлекоа Рикардо Оливеира и Жонас.

Најнови вести